Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ИАКО ВРЕМЕТО Е ТОПЛО, ОБВРСКАТА ВЕЌЕ ВАЖИ – Еве каква зимска опрема мора да имаат возачите за да избегнат казни

Од 15 ноември во Македонија е во сила законската обврска за задолжително поседување пропишана зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Обврската ќе важи до 15 март 2027 година. Тоа значи дека и во денови со повисоки температури, кога нема снег или мраз, возачите мора да ги исполнуваат пропишаните услови.

Според информациите на АМСМ, за возила со маса до 3.500 килограми се потребни зимски пневматици на сите тркала, со минимална длабочина на шарата од четири милиметри, или летни пневматици со најмалку четири милиметри длабочина, заедно со задолжително носење соодветни синџири за снег. За возилата со погон на сите четири тркала важат посебни услови, вклучително и минимална длабочина од шест милиметри кај зимските пневматици.

За возилата над 3.500 килограми важат дополнителни правила во однос на пневматиците и синџирите, а кај одредени автобуси и товарни возила се бара и дополнителен прирачен алат. Надлежните апелираат возачите навреме да ја проверат опремата, бидејќи нејзиното поседување е законска обврска, но и важен предуслов за безбедно движење во зимски услови.

Можеби ќе ве интересира

ГОРЕЛЕ ЕЛЕКТРИЧНИ СТОЛБОВИ ВО АРАЧИНОВО – Пожарникарите морале да ги чекаат екипите на ЕВН

ДЕСК

КРИМИНАЛЦИТЕ СОРАБОТУВААТ, А ПОЛИТИЧАРИТЕ НЕ – Ахмети со порака за опасностите што му се закануваат на Балканот

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА – Денеска температури до 22 степени, УХМР најавува нестабилно време

ДЕСК