Кинескиот претседател Ши Џинпинг лично го пречека американскиот претседател Доналд Трамп на аеродромот во Шенжен; Трамп пристигна денес за самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК). Со овој гест, Си отстапи од воспоставената практика.
Откако стана шеф на државата, Ши никогаш претходно нема пречекано американски претседател на аеродромот.
Во Кина, каде што протоколот се сфаќа исклучително сериозно, појавувањето на Ши на пистата претставува јасен сигнал за важноста што Пекинг ѝ ја придава на својата врска со Соединетите Држави.
Според кинескиот дипломатски протокол во последните години, шефот на државата, по правило, не ги пречекува гостите при нивното пристигнување на аеродромот. За споредба, рускиот претседател Владимир Путин, кој пристигна во Шенжен денес, беше пречекан од Цаи Ќи – шефот на кабинетот на Ши – гест што веќе се сметаше за невообичаено висока почест.
Овој потег доаѓа по еден случај од претходно оваа година, кога самиот Трамп го пречека Ши при неговото пристигнување во воената база Joint Base Andrews во Соединетите Држави./Извор:Makfax


