Вишиот суд во Ниш одреди едномесечен притвор за седум полициски службеници од Бор, осомничени за злоставување и мачење на две лица обвинети во случајот со убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Според информациите од судот, притворот е определен поради опасност од влијание врз сведоци и докази, можност за повторување на делото и вознемирување на јавноста. Осомничените полициски службеници претходно биле уапсени на 14 ноември.
Наводното незаконско постапување се случило за време на полициското задржување на Срѓан Јанковиќ и Дејан Драгијевиќ. Одлуката за притвор сè уште не е правосилна, а истрагата треба да ги утврди сите околности.


