Centar.mk
РЕГИОН

НОВА ПОДДРШКА ЗА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА ВО СРБИЈА – Три малцински партии ќе гласаат за Александар Чупиќ

Три малцински партии во српскиот парламент најавија дека ќе го поддржат кандидатот на Студентската листа, Александар Чупиќ, за претседател на Народното собрание. Станува збор за Албанската коалиција, Сојузот на војводинските Унгарци и Партијата за правда и помирување.

Овие политички организации располагаат со вкупно пет пратеници. Нивните претставници ја образложија поддршката со потребата од институционално функционирање и почитување на парламентарното мнозинство.

Поддршката за изборот на собранискиот претседател не значи автоматски влез на малцинските партии во идната владина коалиција. Нивните претставници нагласија дека ќе продолжат да ги застапуваат сопствените политички барања.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО РОМАНИЈА ГИ ВОЗНЕМИРИ ЖИТЕЛИТЕ НА БУГАРИЈА – Пријавена магнитуда од 5,4 степени

ДЕСК

СЕДУМ ПОЛИЦАЈЦИ ВО ПРИТВОР ВО СРБИЈА – Сериозни обвинувања поврзани со истрагата за исчезнувањето на Данка Илиќ

ДЕСК

НОВА БИТКА ВО СРПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ – Студентската листа и опозицијата со различни кандидати за претседател

ДЕСК