Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ПРОНАШЛЕ МАРИХУАНА, ПА СО АВТОМОБИЛ УДРИЛ ПОЛИЦАЕЦ И ИЗБЕГАЛ – Драма од Гази Баба до „Пуста кула“

На 18.11.2026 во 00:10 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од СВР Скопје сопреле патничко возило, управувано од 23-годишен жител на Скопско, а при преглед во возилото била пронајдена марихуана.

Потоа, според пријавеното, 23-годишникот го стартувал возилото и удрил полициски службеник, по што се дал во бегство по стариот пат од населбата Хиподром кон населбата Илинден.

Притоа, кај местото викано „Пуста кула“ удрил во паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое од ударот се поместило и удрило во ограда, по што бил лишен од слобода од полициски службеници.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Можеби ќе ве интересира

МУ ВЕТИЛ МИКСЕТА ОД ГЕРМАНИЈА ЗА 1.200 ЕВРА – Не ја донел ниту ги вратил парите, поднесена кривична пријава

ДЕСК

ЌЕРКА ЈА НАПАДНАЛА 64-ГОДИШНАТА МАЈКА СО ТВРД ПРЕДМЕТ, СПОРЕД ПРИЈАВАТА – Приведена жена на Бит Пазар

ДЕСК

РАЗБОЈНИШТВО СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ ВО КАЗИНО ВО КАРПОШ – Од вработените одземени пари, полицијата го расчистува случајот

ДЕСК