ОВР Кочани поднесе кривична пријава против 25-годишен жител на Струмица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 08.06.2026 пријавениот се договорил со лице од с. Облешево дека за сума од 1.200 евра ќе му донесе миксета од Германија, за која лицето платило, но до пријавувањето не му ја донел, ниту му ги вратил парите.


