На 16.11.2026 во 22:05 часот, полициски службеници од ОВР Кичево лишија од слобода 56-годишен жител на кичевско село, постапувајќи по претходна пријава дека со огнено оружје упатил закани кон неговата сопруга, со која е во бракоразводна постапка.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


