На 16.11.2026 во 21:47 часот на пресекот на бул. „Туристичка“ со улица „Стив Наумов“ во Охрид, полициски службеници лишија од слобода 41-годишен жител на Охрид. Претходно, управувајќи четирицикл со охридски регистарски ознаки, тој изгубил контрола и со четирициклот излетал од коловозот.
При извршен увид и извршено алкотестирање било констатирано дека го управувал четирициклот под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,22 промили алкохол во крвта.
Возилото е одземено, а по документирање на случајот, против 41-годишниот жител на Охрид ќе биде поднесена соодветна пријава.


