На 17.11.2026 во 00:50 часот на ул. „Климент Охридски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола лишија од слобода 40-годишен жител на Битола.
При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „сузуки“ со битолски регистарски ознаки, кое го управувал, и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта.
По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.


