На 16.11.2026 во 20:30 часот на ул. „Кузман Јосифоски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп лишија од слобода 54-годишен жител на Прилеп, постапувајќи по претходна пријава дека го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, ќе следува соодветен поднесок.


