Centar.mk
РЕГИОН

Се урна српски воен авион

Во северна Србија, на поле помеѓу Нова Пазова и Стара Пазова, денеска се урна воен авион. Леталото ѝ припаѓа на Војската на Србија. Станува збор за борбен авион „МиГ-29“, кој припаѓа на 204-тата авијациска бригада, стационирана во воздухопловната база „Батајница“.

Според информациите на Радио-телевизија Србија, пилотот загинал.

„МиГ-29“ е борбен авион со два мотори, произведен во Советскиот Сојуз, развиен во текот на 1970-тите години, првенствено за борба во воздух и за заштита на воздушниот простор. Во оперативна употреба влезе во раните 1980-ти, а различни верзии и денес се користат во бројни земји.

Српската војска ги користи овие авиони за надзор и заштита на воздушниот простор, пресретнување на други летала и за борбени мисии. Србија дел од својата флота наследи од југословенскиот период, додека дополнителни летала беа набавени од Русија и Белорусија.

Во истата област и претходно се случувале падови на воени авиони. На 7 јули 2009 година, авион „МиГ-29“ на Војската на Србија се урна во близина на Батајница, при што загинаа пилотот, потполковник Раде Ранѓеловиќ, и војникот Милан Улемек, кој се наоѓал на земјата. Несреќата се случила за време на лет во близина на воениот аеродром.

На 26 септември 2012 година, во Нова Пазова се урна и школски авион од типот „В-54 Ласта“. Пилотот, мајор Горан Савиќ, загина, додека другиот пилот, потполковник Томислав Беќаговиќ, се здоби со полесни повреди. Авионот паднал во двор меѓу станбени згради, а според информациите од тоа време, причина за несреќата бил дефект на командите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Инцидент пред Народното собрание на Србија: актерката Лидија Вукиќевиќ полиена со јогурт

ДЕСК

НОВО ПРЕТСЕДАТЕЛСТВО НА БОСНА И ХЕРЦЕГОВИНА – Членовите положија заклетва и ја презедоа одговорноста за државата

ДЕСК

СРБИЈА СО КАЗНИ ЗА ТЕЛЕВИЗИИТЕ – Забранети емисии на „Информер“, санкции за Б92 и „Курир“

ДЕСК