Centar.mk
БИЗНИСПРОМО

ЕНЕРГЕТСКИ ТЕНЗИИ МЕЃУ КОСОВО И СРБИЈА – Забранета трговија со струја, воведени 60-дневни вонредни мерки

Косовската влада воведе забрана за трговија со електрична енергија со компании што имаат директна или индиректна сопственичка поврзаност со Србија. Одлуката беше донесена на 16 ноември, а денеска продолжуваат реакциите за нејзините последици.

Покрај забраната, Владата одобри 60-дневни вонредни мерки во енергетскиот сектор, поврзани со обезбедување стабилно снабдување со електрична енергија и потребните прекугранични преносни капацитети.

Приштина ја образложува мерката со претходните ограничувања во прекуграничната енергетска размена со Србија. Новиот режим може да влијае врз регионалниот пазар и договорите за набавка на струја.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА 18 НОЕМВРИ – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк

ДЕСК

ФЕС: Вработени, а сиромашни – граѓаните работат по две,три работи за парче леб

ДЕСК

Божиновска на седмиот Форум за трансатлантска енергетска соработка во Варшава

ДЕСК