Centar.mk
СВЕТ

ОСЛОБОДЕНИ 600 ЗАТВОРЕНИЦИ ВО ЈЕМЕН – Црвениот крст ја потврди операцијата во Сана

Властите во јеменскиот главен град Сана ослободиле 600 лица затворени во врска со воениот конфликт, со поддршка од Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Организацијата официјално потврди дека ослободувањето било еднострано иницирано од Националниот комитет за прашањата на затворениците.

Пред ослободувањето, претставници на Црвениот крст разговарале со секое од 600-те лица и извршиле здравствени проверки. Организацијата помогнала и во обезбедување услови за нивното достоинствено враќање кај семејствата.

Од Црвениот крст нагласуваат дека ослободувањето не е дел од механизмот утврден со Стокхолмскиот договор и дека организацијата не учествувала во изборот на лицата што ќе бидат ослободени. Таа изрази подготвеност и понатаму да посредува во хуманитарни операции поврзани со заробениците во Јемен.

Можеби ќе ве интересира

РЕЧИСИ 1.500 МИГРАНТИ СПАСЕНИ ЗА ЕДЕН ДЕН КАЈ КАНАРСКИТЕ ОСТРОВИ – Највисок дневен број од 2020 година

ДЕСК

НОЌНИ НАПАДИ СО ДРОНОВИ ВРЗ РУСИЈА – Загинат инженер, оштетени трафостаници и мост, пожар во индустриски комплекс

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА И ВОЕНИТЕ РАЗУЗНАВАЧКИ СЛУЖБИ ВО ЦРНА ГОРА СО НОВ ДОГОВОР – Ќе разменуваат податоци за криминал

ДЕСК