Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени е регистриран во близина на островот Минданао на Филипините, во морското подрачје кај Суригао дел Норте. Според ревидираниот билтен на Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија, потресот се случил на 15 ноември во 21:41 часот по локално време, на длабочина од околу 16 километри.
Потресот бил почувствуван во повеќе места, вклучително и Генерал Луна, Лануза и Талакогонг, каде што е забележан интензитет од четврти степен според филипинската сеизмолошка скала. Институтот предупреди дека се можни последователни потреси.
Првичната автоматска процена изнесувала 5,8 степени, но официјалниот ревидиран податок е 5,4 степени. Според последниот сеизмолошки билтен, не се очекуваат значителни материјални оштетувања, а немаше потврдени информации за жртви во моментот на издавањето.


