Centar.mk
https://www.youtube.com/watch?v=X0An2-ZNWfQ
РЕГИОН

ПОРАНЕШЕН МИНИСТЕР УАПСЕН ВО КОСОВО ВО АКЦИЈА ПРОТИВ КОКАИН – Запленети дрога и луксузен имот вреден над 300.000 евра

Поранешниот косовски министер за култура Астрит Хараќија е меѓу лицата приведени во полициската акција „Тишина“ во Приштина, насочена против група осомничена за трговија и дистрибуција на кокаин. Приведувањето на поранешниот функционер го потврди неговиот адвокат Кораб Бокши.

Во акцијата спроведена на 14 ноември, полицијата привела шест лица и запленила приближно 1,6 килограми кокаин, други сомнителни наркотични супстанции, готовина, луксузни возила, часовници и електронска опрема. Вкупната проценета вредност на дрогата и одземениот имот изнесува околу 301.000 евра.

Адвокатот на Хараќија ги отфрлил сомневањата против својот клиент и изјавил дека при претресот на неговиот дом не биле пронајдени предмети што го поврзуваат со делото. На приведените им е определено полициско задржување од 48 часа, а истрагата продолжува. Приведувањето не претставува доказ за вина.

Можеби ќе ве интересира

ЈАНКОВИЌ ВОДИ ВО ЉУБЉАНА, НО НЕМА МНОЗИНСТВО ЗА ПОБЕДА – Се наѕира втор круг против Лука Месец

ДЕСК

СЛОВЕНИЈА ГИ БРОИ ГЛАСОВИТЕ – Јанковиќ води во Љубљана, во Марибор се наѕира втор круг

ДЕСК

РЕЧИСИ 3,81 МИЛИОНИ ВОЗИЛА ПОМИНАЛЕ НИЗ ТУНЕЛОТ СОЗИНА – Нови податоци за сообраќајот во Црна Гора

ДЕСК