Centar.mk
фото СДСМ
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Државата должи 713 милиони евра, Мицкоски компаниите ги турка во неликвидност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во изјава за медиумите пред јавната дебата за економијата организирана од Фондацијата „Фридрих Еберт“, предупреди дека наталожените обврски на државата од 713 милиони евра ја загрозуваат ликвидноста на компаниите и нивното натамошно функционирање.

„Страшно загрижува огромниот долг кој што државата го има кон јавните претпријатија, кон локалната самоуправа, кон компаниите во здравството и така натаму, седумстотринаесет милиони евра, вклучувајќи го и долгот за поврат на ДДВ“, истакна Филипче.

Тој посочи дека неисплаќањето на обврските од страна на државата директно се одразува врз работењето на стопанството, додека граѓаните се соочуваат со сè повисоки животни трошоци.

„Значи седумстотринаесет милиони евра нема државата да ги даде на стопанството, а со тоа ги прави компаниите неликвидни и ги става во ризик како понатаму тие би функционирале. Сѐ на сѐ еден страшен дебакл. Животот е сѐ поскап. Граѓаните ништо не може да си приуштат. Три минимални плати не се доволни за потрошувачката кошничка“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ нагласи дека во Буџетот за следната година нема развојна компонента и средства за зголемување на платите во клучните јавни сектори, а огромни суми се издвојуваат за отплата на камати.

„Сега се носи буџетот за следната година, после веќе многу брзиот ребаланс, што беше доказ за лошите економски политики. Нема пари за зголемување на платите во здравството, во образованието, во социјалата. Нема развојна компонента буџетот, немаше ни до сега“, посочи Филипче.

Тој дополнително предупреди на рекордниот износ за сервисирање на каматите.

„Никогаш ваква голема сума од близу дваесет и пет милијарди денари не одела за враќање на камати“, нагласи Филипче.

Начинот на кој Мицкоски ја води економијата создава опасност државата во иднина да зависи од скапи кредити за исплата на платите, пензиите и обврските кон стопанството.

фото СДСМ

Можеби ќе ве интересира

Форумот на жени на СДСМ утре на протест во Охрид: Доста е молк, доста е неказнивост, доста е заштита на насилниците!

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче призна дека задолжувањата на владите на СДС, Македонија ја чини скоро 25 милијарди денари за отплата на камати за кредити

ДЕСК

Филипче: Животот поскапува, три минимални плати не ја покриваат кошничката

ДЕСК