Тежок и вознемирувачки случај на насилство се случи синоќа во Охрид,објави powerinfo.mk.
Според информациите кои ги објави Powerinfo.mk девојка била брутално физички нападната и претепана од момче, по што била фрлена и оставена.
Девојката го преживеала нападот, по што била хоспитализирана и задржана на болничко лекување. Нејзината хоспитализација дополнително ја потврдува сериозноста на случајот. Се очекуваат повеќе информации за степенот на повредите, околностите под кои се случил нападот и понатамошното постапување на надлежните институции, пишува порталот Powerinfo.
Случајот веќе е пријавен во полиција и се очекуваат дополнителни информации за нејзината здравствена состојба и за постапувањето на надлежните институции. Случајот отвора сериозни прашања за мотивот и околностите под кои се случил нападот. Доколку се потврдат сите детали, станува збор за особено тежок случај на насилство. Редакцијата продолжува да ги проверува информациите и од надлежните интитуции, по што ќе објави нови детали кога информацијата ќе има официјална потврда од страна на МВР, велат од Powerinfo.


