На 13.11.2026 во 12:40 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на кружен тек на магистрален пат Штип-Делчево, лице на возраст од 77 години од Кочани, управувајќи мопед „томос“ со кочански регистарски ознаки, изгубило контрола и со мопедот паднало на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.


