Денеска (15.11.2026) во 04:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„30“ во населба Илинден, скопско, настанал пожар во куќа, сопственост на лице на возраст од 66 години од нас.Илинден. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.


