Centar.mk
Photo: Joyce N. Boghosian/the white house photo/flickr/ Licensed like United States government work / https://www.flickr.com/photos/whitehouse/55143896598/
СВЕТ

Трамп: Сакам да го решам прашањето за Куба пред да си заминам; не ја исклучувам воената опција

Доналд Трамп синоќа изјави дека сака да ја „реши состојбата во Куба“ пред да ја напушти функцијата, додавајќи дека неговата администрација „многу внимателно ја следи ситуацијата“. Претседателот на САД го изјави ова за време на разговор со конзервативниот радио-водител Хју Хјуит.

Трамп ја опиша Куба како пропадната држава. „Многу внимателно ги следиме; ситуацијата е многу лоша. Тоа е, во суштина, пропаднато место – нација, како и да сакате да го наречете“, рече тој.

Трамп истакна дека добил силна поддршка од гласачите со кубанско потекло на Флорида. „Би сакал да можам да го направам тоа за тие луѓе – за Кубанците кои дојдоа овде откако таму се однесуваа многу лошо кон нив“, рече тој. Тој додаде дека државниот секретар Марко Рубио – чии родители се од Куба – „би сакал да го направи тоа“.

„Би ја разгледал воената опција“

На прашањето дали би употребил воена сила за да ја ослободи Куба од нејзиниот комунистички режим, претседателот одговори дека „секако би ја разгледал таа опција“. Трамп и во неколку претходни наврати навестуваше можност за интервенција. Претходно оваа недела, тој изјави дека верува оти Куба „наскоро ќе падне“.

„Куба пропаѓа. Тоа е држава која не функционира. Тие имаат идеологија многу слична на онаа што ја застапуваат демократите. Тоа е комунистичка, социјалистичка земја – во суштина, сè тоа споено во едно“, рече тој за време на брифинг со новинарите во понеделникот.

Тогаш тој одговараше на прашање дали сè уште планира да ја „преземе“ Куба, додавајќи дека САД ѝ помогнат на Куба „на хуманитарна основа“.

За време на Генералното собрание на Обединетите нации во септември, Трамп изјави дека САД бараат „фундаментална промена“ на островот. Во март, пак, тој изјави дека верува оти ќе ја има „честа“ да ја преземе Куба.

„Мислам дека можам да правам што сакам со неа. Без разлика дали ќе ја ослободам или ќе ја преземам, мислам дека можам да правам што сакам“, им рече тогаш тој на новинарите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Танкер за гас налета на мина во Ормускиот теснец

ДЕСК

Пожар и експлозии во една од најголемите руски рафинерии: украинските сили синоќа извршија напад

ДЕСК

Поранешниот шеф на „Nvidia“ повикан на сослушување во Сенатот: „Американците заслужуваат одговори“

ДЕСК