На 12.11.2026 во 15:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишија од слобода 55-годишен жител на Скопје.
При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 55-годишниот скопјанец. По преземените мерки било констатирано дека тој го управувал возилото иако имал изречена активна забрана за управување со возило.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


