На 12.11.2026 во с. Прстен, валандовско, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово лишија од слобода 56-годишен жител на селото.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени ловечка пушка „Застава“ со калибар 12 мм и ловечка муниција, кои ги поседувал без дозвола.
За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.


