Centar.mk
СВЕТ

Стотици луѓе на улиците во Атина поради цените на становите

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина поради високите кирии и кризата со домувањето која станува сè посериозна.

Демонстрантите – на кои им се придружија претставници од синдикати, студентски здруженија и организации на граѓанското општество – се собраа на плоштадот „Клафтмонос“ во центарот на градот.

Тие побараа од грчката влада да преземе конкретни мерки за да се ограничи растот на трошоците за домување и да се обезбеди подобра заштита за станарите.

По собирот, учесниците во протестот се упатија кон зградата на парламентот. Тие нагласија дека достапното домување мора да биде пристапно за сите. Протестот, организиран од иницијативата „Домување за сите“, помина мирно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Два танкери се погодени во Ормускиот теснец; Иран: Користеле недозволена рута

ДЕСК

Шефот на НАТО: Русија губи повеќе војници месечно отколку што САД изгубија во целата Виетнамска војна

ДЕСК

Шји Џинпинг: Мора да се постигне повторно обединување на Тајван со Кина

ДЕСК