Centar.mk
архивска фотографија
МАКЕДОНИЈА

ПО 17 ГОДИНИ, МАКЕДОНСКАТА АВИЈАЦИЈА ПОД МЕЃУНАРОДНА КОНТРОЛА – Почна проверката на ICAO

Тим инспектори од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пристигна во Македонија за проверка на усогласеноста на домашниот воздухопловен систем со меѓународните стандарди. Инспекцијата започнала на 11 ноември и е прва од ваков вид по пауза од 17 години.

Проверката се спроведува на покана на Агенцијата за цивилно воздухопловство и ќе трае две недели. Инспекторите треба да ги оценат механизмите за регулаторен надзор и безбедност, како и да ги идентификуваат областите во кои е потребно дополнително подобрување.

Директорот на Агенцијата, Драги Стојаноски, ја претставува независната меѓународна оценка како можност за зајакнување на системот. Конечните наоди ќе бидат познати по завршувањето на контролата, па засега не може да се зборува за утврдени пропусти.

Можеби ќе ве интересира

ДУИ ПОСТАВИ УЛТИМАТУМ ОД 24 ЧАСА – Ако нема извинување за „АЛТА банка“, следуваат тужби

ДЕСК

„АЛТА БАНКА“ ПОД ЛУПА И НА НОВАТА ОБВИНИТЕЛСКА ШЕФИЦА – Се бараат конкретни докази

ДЕСК

ЕУ СЕ ОГЛАСИ ЗА УСЛОВИТЕ ВО „СТИВ НАУМОВ“ – Недостатоците треба да се пријават и отстранат

ДЕСК