Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НА ЕДНАТА МАСА ТУНА И ЛЕБ, НА ДРУГАТА БИФТЕК – Студентска порака до пратениците

На скверот пред трговскиот центар „Буњаковец“ во Скопје денеска беа поставени две маси со различни оброци како дел од герила-акција посветена на разликата меѓу студентскиот и пратеничкиот стандард. Акцијата ја организира групата „Урбани уметнички акции“.

Едната поставка претставува скромен студентски оброк со леб, конзервирана храна и зеленчук, додека другата симболично го прикажува оброкот достапен во собраниското бифе. На придружните менија се наведени цени, но организаторите јасно означиле дека станува збор за сатирична презентација.

Акцијата доаѓа по јавните барања за повисок субвенциониран студентски оброк. Форумот за образовни промени претходно најави и правни чекори поради, како што тврди, неусогласување на дневната субвенција со инфлацијата.

Можеби ќе ве интересира

ПО 17 ГОДИНИ, МАКЕДОНСКАТА АВИЈАЦИЈА ПОД МЕЃУНАРОДНА КОНТРОЛА – Почна проверката на ICAO

ДЕСК

ДУИ ПОСТАВИ УЛТИМАТУМ ОД 24 ЧАСА – Ако нема извинување за „АЛТА банка“, следуваат тужби

ДЕСК

„АЛТА БАНКА“ ПОД ЛУПА И НА НОВАТА ОБВИНИТЕЛСКА ШЕФИЦА – Се бараат конкретни докази

ДЕСК