Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

НОВИ ТЕНЗИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА – ЗНАМ нема да го поддржи предложениот модел за правосудниот испит

Лидерот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, изјави дека неговата партија нема да го поддржи предложеното решение за полагање на правосудниот испит доколку во сегашната форма стигне во Собранието. Во вечерното интервју на Канал 5 тој потврди дека министрите на ЗНАМ биле воздржани при разгледувањето на владиниот чекор за испраќање на решението до Венецијанската комисија.

Димитриевски порача дека од коалициските партнери очекува вистински консултации, а не само известување за веќе подготвени одлуки. Тој побара лидерска средба во декември, на која ќе се разговара за јазичниот модел на правосудниот испит и за принципите на владиното партнерство.

Лидерот на ЗНАМ истовремено ја оцени досегашната соработка со премиерот Христијан Мицкоски како добра, но предупреди дека непочитувањето на коалициските принципи може да влијае врз начинот на кој партијата ќе ја практикува власта. Тоа не претставува официјална одлука за напуштање на коалицијата.

Можеби ќе ве интересира

ЕЛЕКТРОНСКИ АЛКИ ЗА НАСИЛНИЦИТЕ – Нов закон треба да овозможи жртвите да бидат предупредени за опасност

ДЕСК

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК