Centar.mk
СВЕТ

Нереди во Барселона: Маскирани лица палеа контејнери и кршеа излози

Во Барселона избија судири меѓу демонстрантите и полицијата, откако десетици илјади луѓе учествуваа во првиот генерален штрајк во Шпанија во последните 14 години. Најголемите синдикати во земјата го организираа штрајкот како одговор на станбената криза и високите трошоци за живот, пренесува Би-Би-Си (BBC).

Околу 120.000 луѓе се собраа на протест во Мадрид, додека повеќе од 50.000 учествуваа во Барселона. На снимките се гледаат маскирани лица како палат контејнери за отпад и кршат излози на продавници, на што полицијата одговори со употреба на солзавец. Штрајкот предизвика сериозни нарушувања во транспортот и јавните услуги низ Шпанија.

Нереди во центарот на Барселона

До вечерта, голем број полицајци опремени со шлемови и штитови за разбивање демонстрации беа распоредени во центарот на Барселона. Дел од судирите се случија на авенијата Passeig de Gràcia, недалеку од познатиот плоштад Plaça de Catalunya. На улиците каде што се одвиваа судирите гореа помали пожари.

Локалните медиуми објавија дека група луѓе фрлале пиротехнички средства кон полицијата и ограбувале продавници, меѓу кои и продавница за играчки „Лего“. Демонстрантите, исто така, се обиделе да влезат во продавница на „Епл“.

Претходно во текот на денот беа пријавени значителни нарушувања во сообраќајот во Мадрид и Барселона. Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека десетици лица се уапсени во врска со различни инциденти. Лидерот на синдикатот UGT, Пепе Алварез, изјави дека штрајкот бил успешен и дека учеството било „масовно“, додека Унаи Сордо од синдикатот CC OO рече дека одзивот бил „многу значаен“.

Штрајкот се одржа во пресрет на парламентарните избори во Шпанија, закажани за 29 ноември./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Ако Америка повторно нападне, ќе ги нападнеме базите во Европа

ДЕСК

Се урна зграда во Њујорк: има жртви, во тек е потрагата по преживеани

ДЕСК

Русите го нападнаа Киев со балистички ракети неколку часа по завршувањето на преговорите

ДЕСК