Centar.mk
СВЕТ

Комбе излета од пат во Непал, се превртувало 700 метри: најмалку 10 загинати

Најмалку десет лица загинаа, а пет се повредени денес откако патничко комбе излета од планински пат во Непал, соопшти полицијата.

Комбето излетало од патот и се превртело по падина во должина од околу 700 метри, пред да застане во близина на селото Бхимфеди, на околу 60 километри југозападно од главниот град Катманду, пренесува АП.

Полициски службеници од блиската станица пристигнале на местото на несреќата и ги пренеле преживеаните во болници, каде што им се укажува лекарска помош.

Причината за несреќата сè уште не е позната
Причината за несреќата сè уште не е позната, а полицијата спроведува истрага за да утврди што точно се случило. Инцидентот се случил за време на фестивалот Тихар, кој оваа недела се слави во Непал. Многу жители патуваат кон своите домови за да ги поминат празниците со своите семејства.

Сообраќајните несреќи се честа појава во Непал поради лошо одржуваните патишта и возила. Голем дел од оваа хималајска земја е планински, а патиштата често се тесни и опасни./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Украинците погодија моќен руски ракетен брод

ДЕСК

Во Санкт Петербург кренат во воздух автомобил во кој се наоѓал руски полковник

ДЕСК

Индонезискиот потпретседател не завршил средно училиште, поднесе оставка

ДЕСК