Искра Хаџи Василева денеска ја презеде функцијата раководителка на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и најави поефикасно постапување во предметите што предизвикуваат висок јавен интерес. На нејзиното прво обраќање по преземањето на должноста беше отворено и прашањето за „АЛТА банка“.
Хаџи Василева потврди дека ги следи случувањата поврзани со банката, но нагласи дека обвинителска оценка не може да се дава само врз основа на политички изјави и медиумски информации. За евентуално постапување се потребни конкретни материјали и основи за сомневање.
Новата раководителка најави подобро користење на расположливите обвинителски ресурси и поголема ефикасност во борбата против корупцијата. Таа посочи дека соработката со обвинителските органи од Србија е дел од редовните меѓународни механизми за работа.


