СВР Струмица – ОВР Гевгелија поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против 34-годишен жител на струмичко село, поради постоење основи на сомнение дека се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна девојка.
Според информациите од полицијата, на 7 ноември 2026 година, во Богданци, пријавениот се обидел да изврши обљуба врз 22-годишна жителка на струмичко село. По преземените мерки, 34-годишникот бил лишен од слобода и задржан во полициска станица, а за настанот бил известен јавен обвинител.
По поднесувањето на кривичната пријава, судија од Основниот суд Гевгелија му определил мерка притвор во траење од осум дена.


