Војната меѓу Соединетите Американски Држави и Израел против Иран нема да заврши ниту со воени средства ниту со заострување на санкциите, туку само со тоа што САД „ќе ги исполнат барањата и условите на Иран, кои се наведени во дводневниот план и кои сè уште се на маса“, изјави денес иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи.
Според него, покрај тоа, САД мора да почнат да го користат „јазикот на почит“, пренесува агенцијата „ИРНА“.
Аракчи рече дека американскиот претседател Доналд Трамп „требаше многу порано да сфати дека не постигнал, ниту ќе постигне, ниту една од своите цели во војната против Иран“.
Зборувајќи за лошиот резултат на Републиканската партија на Трамп на неодамна одржаните среднорочни избори во САД, Аракчи рече дека Трамп „немал потреба да слуша од народот на таа земја дека е против војна со Иран и дека не сака нивната земја постојано да војува за да го поддржи ционистичкиот режим“.
Тој процени дека нема да помине долго време пред Трамп да сфати дека тргнал по погрешен пат кога станува збор за санкциите и економскиот притисок.
Медиумите претходно објавија дека претставниците на САД и Иран продолжуваат да разговараат со медијаторите за главните детали од договорот за прекин на осуммесечната војна./Извор:Makfax


