Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

АВМУ повикува на професионална и етичка комуникација меѓу новинарите

Во врска со навредливиот речник и јавните квалификации упатени кон новинарите на Радио Лидер од страна на новинарката во Собранискиот канал Весна Велкова, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги укажува на потребата од почитување на професионалните стандарди во јавната комуникација, особено меѓу медиумските работници.

Изразите како „двајца дебили“, инсинуациите за професионалниот интегритет, финансирањето и мотивите на новинарите, не придонесуваат за конструктивна јавна дебата, туку поттикнуваат дискредитација и нетрпеливост во медиумската заедница.

Евентуалните сомневања за финансирањето или уредувачката независност на медиумите треба да се отвораат преку аргументирана дебата и соодветни институционални постапки, а не преку лични навреди и дисквалификации.

Новинарството не смее да стане простор во кој несогласувањата се решаваат со етикетирање, навреди и обиди за јавно понижување на колегите. Напротив, неопходни се заемна почит, професионална солидарност и доследно почитување на етичките начела.

Имајќи ја предвид одговорноста на новинарската професија, АВМУ ги повикува медиумските работници да ги почитуваат професионалните и етичките начела и критиката да не ја насочуваат кон личното достоинство на колегите.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА ОБЛАЦИ, СОНЦЕ И ДОЖД – УХМР објави какво време нè очекува до крајот на денот

ДЕСК

Петрушевски: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела во Македонија

ДЕСК

Филипче: Со кого преговарал Мицкоски за Алта банка – со Мацура, со Вучиќ или со двајцата?

ДЕСК