Centar.mk
БИЗНИС

ПАРИ НА СМЕТКИТЕ НА ГРАЃАНИТЕ – Следува повратот од „МојДДВ“, до 2.100 денари по корисник

Граѓаните кои редовно скенирале фискални сметки преку апликацијата „МојДДВ“ во јули, август и септември 2026 година, во текот на ноември го очекуваат следниот поврат на дел од платениот данок на додадена вредност. Според законски предвидената динамика, средствата за третото тримесечје треба да бидат исплатени најдоцна до крајот на месецот, иако Управата за јавни приходи засега нема објавено конкретен датум за почетокот на исплатата, пренесува Biznispro.com.

Максималниот износ што едно лице може да го добие за тримесечјето е 2.100 денари. Сепак, ова не значи дека сите корисници ќе добијат иста сума. Повратот зависи од вредноста на прифатените фискални сметки и од пресметаниот ДДВ. За македонските добра и услуги се враќаат 20 проценти од данокот, додека за останатите добра и услуги повратот изнесува 10 проценти од пресметаниот ДДВ, објави Biznispro.com.

Можеби ќе ве интересира

РКЕ ПРЕД ВАЖНА ОДЛУКА – Дизелот достигна 100 денари, возачите утре ќе дознаат дали следува нова промена на цените

ДЕСК

УШТЕ 20 ИНСТИТУЦИИ ЌЕ ДОБИЈАТ ЕЛЕКТРОНСКА АРХИВА – Најавено намалување на административните процедури

ДЕСК

ВОЛСТРИТ ПОД СИЛЕН ПРИТИСОК – Вредноста на технолошките акции се намали за илјадници милијарди долари

ДЕСК