Centar.mk
СВЕТ

Зеленски најави нови кадровски промени во украинската армија, засега без детали за позициите

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави нови кадровски промени во вооружените сили на Украина, но не откри кои функции и позиции ќе бидат опфатени со одлуките.

„Врховниот командант и јас подготвуваме кадровски одлуки во вооружените сили на Украина. Сакам да им се заблагодарам на сите што ѝ служат на Украина“, изјави Зеленски, мислејќи на врховниот командант Михаило Драпатиј.

Воедно, тој упати апел до припадниците на украинската војска да внимаваат на својата безбедност поради опасноста од ракетни напади.

Засега нема дополнителни информации за тоа кои воени позиции ќе бидат опфатени со најавените промени, ниту кога тие ќе бидат спроведени./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

НОВИ НАПАДИ ВРЗ ИРАН – Две ракети го погодија островот Кешм, Трамп потврди американски удари

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПОЧНА ИСТРАГА ЗА УВОЗОТ НА ПЕТ-ПЛАСТИКА – Можно воведување заштитни мерки

ДЕСК

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО БЕЛАТА КУЌА – Трамп го именуваше Стивен Милер за нов шеф на кабинетот

ДЕСК