Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Кој стои зад Алта банка: криминал, корупција и пари од дрога

Соопштение на СДСМ:

Aлта банка не е обична банка. Зад формалниот сопственик Давор Мацура – човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога.

Во Sky преписките Александар Вучиќ е препознаен како „Оскар“ – шеф на мафијата.

Тие преписки, што сега се бараат да се отворат во Србија, укажуваат на врски со криминалната група на Дарко Шариќ и Вељко Беливук. Шариќ – еден од најголемите балкански нарко дилери. Беливук – шеф на криминална група поврзана со убиства и рекетирање.

Истите преписки го поврзуваат и со Шкаљарскиот клан.

Клан Вучиќ: Александар и Андреј. Андреј Вучиќ, брат на Александар, еден од клучните луѓе во системот на моќ и контрола врз безбедносните и финансиските текови.

Полнолетниот син на Вучиќ се споменува во преписките како контакт лице што добивало месечна апанажа од картелот.

Милан Радоичиќ – човек со потерница заради упадот на Косово и обидот за дестабилизација во Бањска. Лице поврзано со организиран криминал на северот на Косово, со рекетирање и со контрола на локални бизниси.

Звонко Веселиновиќ – бизнис партнер на Радоичиќ. Човек со санкции, поврзан со организиран криминал, шверц и контрола на територии на северот на Косово. Неговите компании и мрежи се дел од истиот систем што го финансира и го штити режимот.

Никола Петровиќ (претходно, директор на Електромрежа Србија – ЕМС), кум на Вучиќ. Човек што стекна енормно богатство во периодот на владеење на СНС. Јавноста виде како само прославата на неговиот роденден во Венеција, обележана како карневал, е платена со милиони евра.

Таа група нема објаснување од каде доаѓаат тие пари. Има само факти за блискоста со власта и за бизнисите што растат паралелно со моќта.

Само да знаат граѓаните за случајот со 5 тони дрога што од Македонија заврши во село Коњух кај сестринската партија СНС.

При апсењето еден од уапсените изјавил дека е „државна работа„ на Бата Гашиќ, кој беше директор на БИА, министер за полиција и денес за одбрана во владата на Србија што си оди.

Исто така Александар Вулин, поранешен директор на БИА, министер за полиција и за одбрана. Тој беше доведуван во врска со апсењата во Јовањица, каде што беше откриена огромна нелегална плантажа со марихуана. Исти функции како Гашиќ.

Во Sky преписките овие двајца се споменуваат како главни за шверц на наркотици во рамките на Вучиќевиот клан.

Овие исти луѓе беа гости во Македонија и имаа состаноци со ВМРО и со ЗНАМ, со Максим Димитриевски. Една од темите на состанокот била Алта банка.

Ова е мрежата. Криминал, корупција, пари од дрога, контрола врз медиуми, телеком и банки. Алта банка е пералница на таа мрежа.

Мицкоски ја донесе во Македонија. Ја донесе со притисок. Ја донесе со пари на јавни претпријатија и на граѓаните. Ја внесе и во осигурувањето. Со луѓе од БИА што се споменуваат во преписките за шверц на дрога.

Сега, кога во Србија се бараат истраги за „Оскар“ и за врските со Шариќ и Беливук, во Македонија се кријат трансакциите и се обвинува опозицијата за паника.

Нема паника. Има документи. Има Sky преписки. Има апсења. Има одговорност.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Паѓа „Оскар“. Паѓа и Мицкоски. Паѓа ВМРО-ОКГ. Вистината излегува. Бандата ќе одговара.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Славески призна дека одлуката за Алта банка ја донел Христијан Мицкоски!

ДЕСК

„Кој ја кодира иднината?“: Панел-дискусија за девојките и жените во СТЕМ

ДЕСК

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

ДЕСК