Протестите во Франција денеска прераснаа во национален штрајк на јавниот сектор, со влијание врз образованието и железничкиот превоз. Во земјата се најавени повеќе од 250 протестни активности, извести кореспондентката на БНР од Париз.
Во демонстрациите учествуваат синдикалци, ученици, студенти и претставници на движењето „Жолти елеци“. Меѓу барањата се зголемување на минималната плата за 100 евра и заштита на јавните услуги.
За обезбедување се ангажирани околу 70.000 припадници на силите на редот. Париската префектура ја променила трасата на поворката поради безбедносни процени и заштита на јавните објекти.


