Centar.mk
РЕГИОН

ПРЕДИСТРАЖНИ ПРОВЕРКИ ВО СРБИЈА – Обвинителството постапува по пријави за Орлиќ и Вујиќ

Српското Обвинителство за организиран криминал денеска соопшти дека формирало два предмета по пријави на адвокатот Иван Ниниќ за можни изборни злоупотреби. Едниот се однесува на директорот на БИА, Владимир Орлиќ, и други службеници на агенцијата.

Од полицијата е побарано да ги провери наводите за злоупотреба на службената положба, повреда на избирачкото право и принуда. Обвинителството наведе дека барањето за прибирање информации и разговори со пријавените било испратено на 4 ноември.

Вториот предмет опфаќа пријава против министерот за правда Ненад Вујиќ, функционери во затворскиот систем и други лица. Постапувањето е во предистражна фаза, во која треба да се утврди дали наводите се поткрепени со докази.

Можеби ќе ве интересира

ПАТУВАТЕ ЗА ГРЦИЈА? – Штрајкот предизвика откажани летови, траекти и измени во превозот

ДЕСК

СРБИЈА ОТСУСТВУВА ОД САМИТОТ ЕУ–ЗАПАДЕН БАЛКАН – Брисел со разговори за проширувањето

ДЕСК

НОВИ АПСЕЊА ВО СРБИЈА ПОВРЗАНИ СО „АЛТА БАНКА“ – Приведени братот на Давор Мацура и директорка на „Алта пеј груп“

ДЕСК