ОВР Струга поднесе кривична пријава против 45-годишник од струшкото село Подгорци, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „пустошење на шуми“ и „кражба“.
На 16.10.2026 заеднички патроли од полициски службеници од ОВР Струга и Шумската полиција од Струга извршиле контроли на планинскиот појас над селото Подгорци, при што го затекнале пријавениот како во шумска катастарска парцела во државна сопственост врши бесправна сеча на немаркирано буково дрво со цел бесправно да го одземе.
Тој беше лишен од слобода, а нелегално пресечената дрвна маса беше предадена на Шумската полиција.


