СВР Охрид поднесе кривична пријава против 21-годишник од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.
При извршена контрола, полициските службеници го затекнале пријавениот на паркинг простор на ул. „Партизанска“ во Охрид со уште две лица на кои претходно им овозможил користење опојна дрога марихуана. Тие беа лишени од слобода и со нив во СВР Охрид беа извршени службени разговори.


