Centar.mk
СВЕТ

Харис по поразот на републиканците: На Американците им е доста од корупцијата и неспособноста на Белата куќа

Поранешната американска потпретседателка Камала Харис остро ја критикуваше администрацијата на Доналд Трамп по убедливиот пораз на републиканците на изборите за Конгресот, порачувајќи дека демократите мора одлучно да ги искористат сите механизми на власта за да ја повикаат Белата куќа на одговорност.

„На денот на изборите американскиот народ проговори гласно и јасно: доста му е од корупцијата, неспособноста и бесчувствителноста што доаѓаат од Белата куќа, како и од попуштањето на републиканските лидери“, напиша Харис на социјалната мрежа „Икс“.

Таа истакна дека за време на кампањата низ земјата забележала силна решеност кај гласачите да се спротивстават на актуелната администрација.

„Бев сведок на решеноста на луѓето да ја претворат болката во цел, а гневот во дејствување“, порача Харис.

Поранешната потпретседателка им честиташе на демократските кандидати и им се заблагодари на илјадниците волонтери кои учествувале во кампањата.

Сепак, нагласи дека изборната победа не е доволна и дека демократите сега мора да покажат конкретни резултати.

„Демократите мора безмилосно да ги искористат сите механизми на власта за да им обезбедат економско олеснување на работничките семејства и да ја повикаат оваа администрација на одговорност за нејзината длабоко вкоренета корупција“, порача Харис.

Нејзината изјава следува откако демократите освоија мнозинство во двата дома на американскиот Конгрес, кое ќе го преземат во јануари 2027 година. Новото мнозинство ќе им овозможи да спроведуваат конгресни истраги и засилен надзор врз администрацијата на Трамп./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пропадна договорот меѓу Трамп и Путин, пренесува „Фајненшел тајмс“

ДЕСК

Зеленски се надева дека победата на демократите во САД ќе ѝ помогне на Украина

ДЕСК

Влијателен републиканец за дебаклот: „Го изгубивме Тексас; без него, веќе не постоиме“

ДЕСК