Centar.mk
фото Општина Неготино
ЛОКАЛНО

Започнаа градежните работи за реконструкција со рехабилитација на главната улица Маршал Тито во Неготино

По децении, започнавме со изведување на градежни работи за реконструкција со рехабилитација на главната и најфреквентна улица Маршал Тито во Неготино.

Комплетно ќе се реконструира оваа улица на потегот од Градската библиотека се до новиот кружен тек на излезот од Неготино кон Кавадарци.

Вредноста на проектот изнесува 16.000.000 денари обезбедени од Владата на Република Македонија преку аплицирање на општина Неготино со проект од вториот јавен повик за реализација на проекти во општините.

фото Општина Неготино

Можеби ќе ве интересира

Зголемен возниот парк на комуналното претпријатие во Општина Илинден

ДЕСК

Одржана 26 седница на Заедничкиот консултативен комитет – силни општини за европски квалитет на живот

ДЕСК

Булеварот „Борис Трајковски“ и клучката Момин Поток влегуваат во завршница

ДЕСК