Индонезиската влада сè уште нема целосни информации кој стои зад наводното незаконско прислушување на претседателот и други државни функционери, изјави денеска министерот државен секретар Прасетјо Хади. Тој наведе дека случајот е во рацете на полицијата.
Истрагата ги опфаќа сомнежите за неовластено следење комуникации, пристап до системи и уништување електронски податоци. Според Хади, можни цели биле и министри и други јавни личности.
Министерот оцени дека станува збор за чувствителни информации што можат да ги загрозат државните интереси. Најави дека јавноста ќе биде информирана кога полициската постапка ќе обезбеди дополнителни одговори.


