Centar.mk
БИЗНИС

ПОСЕБЕН ПЛАН ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО АЛТА БАНКА – Се подготвува еднократно подигнување до 20.000 денари

Народната банка подготвува посебно решение за пензионерите кои примаат пензија преку Алта банка и немаат платежни картички. Според најавата од кабинетот на гувернерот Трајко Славески, тие би можеле еднократно да подигнат до 20.000 денари на шалтер.

Од околу 11.500 пензионери кои примаат пензија преку банката, околу 3.500 немаат картичка. Народната банка ќе ги објави деталите за исплатата откако ќе ги утврди условите.

Регулаторот разгледува и како компаниите со средства во банката би можеле да ги исплатат платите и да ги подмират обврските за даноци и придонеси.

Можеби ќе ве интересира

КОЛКУ ВРЕДАТ 100 ЕВРА И 100 ДОЛАРИ ВО ДЕНАРИ? – Објавена курсната листа на Народната банка за 7 ноември

ДЕСК

Народната банка организира превоз за клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до Битола

ДЕСК

Народната банка ги олеснува условите за располагање со средствата во „АЛТА банка“ АД Битола. Од понеделник се отвораат шалтерите и во Тетово и Струмица

ДЕСК