Европа ја почнува грејната сезона со најниско ниво на складиран природен гас во повеќе од една деценија, објави денеска Меѓународната агенција за енергија. Според извештајот, ниските резерви може да го продолжат притисокот врз глобалниот пазар и во 2027 година.
Агенцијата проценува дека нарушувањето на испораките преку Ормускиот Теснец го намалило товарењето течен природен гас во Катар и во Обединетите Арапски Емирати за повеќе од 60 милијарди кубни метри меѓу март и октомври.
Поголемата понуда од Северна Америка и договорите што дозволуваат пренасочување на товарите ублажиле дел од последиците. Сепак, ИЕА очекува глобалната понуда на течен природен гас годинава да се намали за околу три отсто.


