Centar.mk
БИЗНИС

ПОГОЛЕМА ПОБАРУВАЧКА ЗА СИЛИЦИУМСКИ ПЛОЧКИ – „Силтроник“ ги подобри очекувањата за продажбата

Германскиот производител „Силтроник“ денеска ја подобри годишната прогноза за продажбата, по растот на побарувачката за силициумски плочки што се користат во производството на чипови. Продажбата во третиот квартал достигнала 355,4 милиони евра, 10,5 отсто повеќе од претходниот квартал.

За првите девет месеци компанијата пријавила продажба од 983,5 милиони евра. Во кварталот сепак е забележана нето-загуба од 55 милиони евра.

Раководството го поврзува подобрувањето на прогнозата со продадениот обем и девизните движења. За целата година сега очекува продажба приближно на минатогодишното ниво.

Можеби ќе ве интересира

ЕВРОПА ИЗДВОЈУВА 1,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ЗА НОВИ ТЕХНОЛОГИИ – Голема можност за иноватори и стартапи

ДЕСК

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ ПРЕДУПРЕДУВААТ – Поскапувањето на горивата најсилно ги погодува сиромашните економии

ДЕСК

НАФТАТА ПОВТОРНО ПОСКАПУВА – Нов притисок врз светските пазари по нападите во Персискиот Залив

ДЕСК