Centar.mk
-МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

НУЛА СТЕПЕНИ НА ПОПОВА ШАПКА – Кавадарци со најмногу дожд во последното мерење

На Попова Шапка утрово се измерени нула Целзиусови степени, најниска температура меѓу објавените мерења на УХМР. Во Маврови Анови е измерен еден степен, а во Лазарополе и Крушево по два.

Во последните 24 часа до 7 часот, најмногу дожд наврнал во Кавадарци, 15 литри на квадратен метар. Во Виница се измерени 13, во Берово 12, а во Крива Паланка и Демир Капија по 10 литри.

За денеска се очекува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува северозападен ветер, кој повремено ќе засилува долж Повардарието.

Можеби ќе ве интересира

ТРОЈЦА ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СУДИР ВО СКОПЈЕ – Малолетник управувал „мерцедес“

ДЕСК

Филипче: Славески брза со некаква продажба на Алта банка затоа што сака да забошоти

ДЕСК

Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи

ДЕСК