Centar.mk
СВЕТ

Малкумина ги очекуваа овие зборови; Трамп: Им честитам на демократите

Откако стана јасно дека Републиканците претрпеа тежок пораз на изборите во средината на мандатот и ја изгубија контролата врз двата дома на Конгресот на САД, Доналд Трамп утрово даде изјава за „Фокс њуз“ и изговори зборови какви што малкумина очекуваа од него – јавно им честиташе на Демократите за нивната победа.

Оваа реакција претставуваше вистинско изненадување во Вашингтон, со оглед на тоа што во текот на целата кампања, Трамп немилосрдно ги навредуваше своите противници – на своите митинзи ги нарекуваше „глупократи“ (dumocrats), радикални лудаци и уништувачи на земјата – притоа целосно отфрлајќи ја секоја помисла за вообичаениот изборен бонтон.

„Работеа напорно и долго време, но ова не е удар за мене.“

„Па, ќе кажам вака: честитки за Демократите. Направија добра работа. Го чекаа ова 11 години и конечно успеаја“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Сепак, тој веднаш ја отфрли идејата дека гласачите го казниле него лично, додавајќи: „Јас не го гледам ова како удар за мене. Сметам дека ги имавме најдобрите две години во историјата на претседателствувањето, во однос на економијата и сè друго што постигнавме“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зеленски ја одликуваше Меланија Трамп

ДЕСК

Венедиктов: Европа се заглави во ќош поради Украина

ДЕСК

Иран: Четири нафтени танкери уништени во Ормускиот теснец

ДЕСК