На 03.11.2026 во 18:50 часот во ОВР Гостивар, во присуство на неговата мајка, извршен е службен разговор со 16-годишен малолетник од Гостивар, затоа што на ул. „Илинденска“ во Гостивар, сопрено е патничко возило „мицубиши“ со гостиварски регистарски ознаки, кое малолетникот го управувал и по извршени проверки, било констатирано дека го управувал возилото, без да поседува возачка дозвола. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.


