На 02.11.2026 во 14:15 часот на локален пат во село Дебреше, гостиварско, полициски службеници лишија од слобода 45-годишен маж од с. Дебреше.
При вршење увид на претходно случена сообраќајна незгода, во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со гостиварски регистарски ознаки, и по извршени проверки било констатирано дека го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.


