Делови од скопската населба Маџари и селото Мралино денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани интервенции на дистрибутивната мрежа.
Од 08:30 до 11:30 часот прекин е најавен за делови од улиците „Жан Жорес“, „Ордан Чопела“ и „Иван Наумов Алабакот“. Во Мралино, прекинот е предвиден од 08:40 до 10:40 часот и го опфаќа целото село.
Од 12:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат и делови од улиците „Благоја Стефковски“ и „Анри Барбис“ во Маџари. Според известувањето, зафатите се поврзани со одржување и проверка на електроенергетската опрема.


